Ловрен забега со славењето (Видео)

Хрватска со гол во 93-тата минута стигна до победа против Шпанија од 3-2 и ги задржа шансите за првото место во групата од Лигата на нациите. По завршувањето на мечот, дефанзивецот на Хрватска и член на Ливерпул, Дејан Ловрен, малку повеќе претера со славењето, а повторно се „закачна“ со капитенот на „црвената фурија“, Серхио Рамос.

„Аааа ха-ха. 3-2. Па ти мајсторе зборувај на прес-конференции. Мајсторееее. Тоа се обични пи*ки. Само ова вреди. Ајде сега да ја победиме и Англија“, викаше Ловрен додека беше вклучен со видеопорака на профилот на „Инстраграм“.

https://twitter.com/xDavorka_x/status/1063193912288915456

Ловрен со ова само ја продолжи „војната“ со Рамос која ја има одредено време. Неодамна тој изјави дека Рамос во одбранта греши подеднакво како и тој, но фактот дека игра во Реал Мадрид го спасува.

„Ја гледате ли статистиката. Серхио Рамос греши повеќе од мене, но него го штити фактот дека игра за Реал Мадрид. И кога ќе згреши, никој не го гледа тоа. Зошто да го критикуваат кога Реал редовно победува со 5-1 или 5-2“, неодамна изјави Ловрен.

Рамос беше запрашан дали ќе реагира на ова, и тоа непосредно пред синоќешниот дуел во Загреб. „Не би сакал да критикувам некого и да одговорам на фрустрирани коментари. Треба да дозволите да помине време. Немам потреба ништо да му одговорам ниту на Ловрен, ниту на никој друг кој би сакал да има неколку насловни страници или да биде дел од неколку телевизиски вести“, рече Рамос, со што најверојатно дополнително го налути Ловрен, па доби нова порака, веднаш по синоќешната победа на Хрватска од 3-2 против Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести