Кошаркарска и Ракометна федерација им честитаа на фудбалерите за успехот

Честитки до Фудбалската федерација и до репрезентативците кои го носат црвениот дрес доаѓаат од сите страни. Победата над Косово ја израдува нацијата и сега остана уште еден натпревар до историски пласман на Европско првенство.

Преку социјалните мрежи, меѓу другите, се јавија и од Ракометната и од Кошаркарската федерација, кои добро знаат што значи да се биде учесник на европско првенство бидејќи повеќе пати биле дел од континенталните собири во машка конкуренција.

„Ракометната Федерација на Македонија упатува искрени честитки за победата на нашата фудбалска селекција против селекцијата на Косово. Секоја чест за борбеноста, истрајноста, силниот тимски дух, единството во составот и карактерот. Момци, со Вас сме! Со срце за Македонија“, порачаа од РФМ.

„Секоја чест момци! Покажавте дека сте едно семејство за кое најважен е заедничкиот успех, за заедничка радост, ваша, наша и на целата македонска нација“, напишаа од КФСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести