Ботас на пол-позиција во студениот Нирбургринг, Ферари малку живна

Валтери Ботас ќе тргне од пол-позиција на утрешната трка за Големата награда на Ајфел, која ќе се вози на патеката Нурбургринг во Германија, која се врати во Формула 1 шампионатот после седум години. За Ботас ова е 14-та пол-позиција во кариерата.

Заедно со Ботас од првиот ред ќе тргне неговиот клупски колега Луис Хамилтон, а зад нив се Макс Ферстапен кој добро им парираше на Мерцедесите, и Шарл Леклер кој по подолго време го искачи Ферари на четврто место.

Оваа трка ќе биде интересна, особено ако заврне утре. Температурата е ниска, но на трибините имаше и публика.

- Оглас -

Најнови вести