Пу пу не важи: Димитриевски и останатите двајца во македонскиот табор сепак НЕМААТ коронавирус!

Столе Димитриевски и двајцата членови од стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација сепак не се заразени од Коронавирус. По повторените тестови, резултатите на сите тројца биле негативни.

Утрово дојде информација дека тројца од македонскиот табор се заразени од опасниот вирус, поради што Столе Димитриевски воопшто го нема денеска во тимот и брани Дамјан Шишковски.

Димитриевски пред еден месец прележа Коронавирус додека беше во Шпанија и шокантоно делуваше најавата дека и денеска е повторно заразен.

Македонија на гостувањето кај Естонија поведе со смешниот автогол на Мартен Куск уште во третата минута, но домаќините израмнија со голот на Сапинен во 33 минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести