Столе Димитриевски повторно позитивен на корона-вирус?!

Во пресрет на вечерашниот дуел на гости кај Естонија, корона-вирусот прави проблеми во националниот состав на Македонија. Од ФФМ потврдија три позитивни случаи за кои повторно ќе има тестирања, а еден од заразените е фудбалер.

Неофицијално, станува збор за првиот голман Столе Димитриевски, кој веќе го прележа вирусот пред еден месец и не беше во можност да настапи за Македонија во септемврискиот циклус во Лигата на нациите.

Доколку се утврди дека Столе е заразениот фудбалер, селекторот Ангеловски ќе западне во проблеми за избор на друг голман за дуелите против Естонија и Грузија на 14 октомври. Опциите се Даниел Божиновски и Дамјан Шишковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести