Македонија одигра нерешено 3:3 во драматичен меч на гостувањето кај Естонија со 3:2, во рамките од третото коло во Лигата на нации. Иако пред средбата, нашите фудбалери ја имаа фаворитската улога, на теренот во Талин не беше така. Естонија покажа дека нема слаби селекции и едноставно ги спушти нашите репрезентативци на земја.
Селекторот Игор Ангеловски реши на овој меч да стартува со дури осум различни играчи од тие што започнаа против Косово во Скопје, а тоа се покажа како проблем. Мечот почна супер за нас, откако Естонците си постигнаа смешен автогол и по само три минути игра имавме водство од 1:0.
Сепак, освен погодокот, Македонија речиси и да не создаде шанса за втор погодок. Естонија тоа го искористи и преку Рауно Сапинен стигна до 1:1 на полувреме. Вториот дел, повторно Сапинен донесе радост за Естонија и водство од 2:1 во 61 минута. Македонија брзо доби шанса за израмни и тоа од пенал. Трајковски шутираше и ја погоди пречката во 67 минута.
За тоа како се изведува пенал, покажа Ливак во 76 минута, кога реализираше од белата точка за 3:1.
Од 64 минута во игра влегоа и Горан Пандев и Илија Несторовски, а претходно и Енис Барди. Со овие фудбалери на теренот, Македонија заигра многу подобро.
Капитенот Пандев погоди во 80 минута и намали на 2:3, а Ѓоко Зајков во 88 минута погоди за конечни 3:3.