Ливерпул веќе најде замена за повредениот Ван Дајк

Англискиот првак Ливерпул уште на стартот од првенството се соочи со проблеми. Столбот во одбраната Вирџил ван Дајк заработи тешка повреда на коленото и ќе паузира до крајот на сезоната. Да биде ситуацијата уште полоша, повреден е и Жоел Матип, а во летниот преоден рок го продадоа Дејан Ловрен, па Ливерпул сега е само со еден класичен стопер.

Најавите се дека Ливерпул тргнува во офанзива за да го купи Дајот Упамекано. Тоа е фудбалер кој игра одлично во Лајпциг и на германскиот тим ќе му биде тешко да го задржи уште долго во своите редови. Планот на Ливерпул е уште во јануари да доведе замена за Ван Дајк.

Од Лајпциг го проценуваат Упамекано на околу 50 милиони евра, што е висока сума, но во ситуација кога Ливерпул мора да бара замена за играч на клучна позиција, се очекува англискиот тим да плати за играчот кој годинава дебитираше и за француската репрезентација.

 

- Оглас -

Најнови вести