Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години одигра реми без голови против селекцијата на Србија до 17 години во првиот контролен натпревар кој се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Во натпревар без многу возбудувања, македонската селекција предоводена од Драган Канатларовски ја имаше најдобрата прилика во првото полувреме преку Ерион Шуку. Нашиот голман Стефан Тасев одбрани голема прилика за водечки гол на Србија во првите 45 минути. Во вториот дел среќата беше на страната на нашата селекција, откако гостите пропуштија две солидни прилики за погодок.
Шанса за поправен ќе имаат веќе во четврток, кога надежите повторно ќе ги одмерат силите со Србија, во контролката која е закажана во 11 часот.