Барди + слободен удар = гол за Македонија (Видео)

Македонија конечно поведе на гостувањето кај Лихтенштајн со 1:0 и тоа благодарение на голот на Енис Барди во 53 минута. По една акција на нашата селекција, Пандев беше фаулиран, а Сандро Висер доби втор жолт картон и беше исклучен.

Токму од слободниот удар по прекршокот над Пандев, Македонија стигна до предност. Кога се работи за изведување на слободни удари во близина на голот, се знае, време е Енис Барди да покаже што знае.

Нашиот репрезентативец е прогласен за фудбалер со најдобра релизација од слободни удари во последните три и пол години во Топ 5 лигите во Европа, а овојпат тоа го потврди и во националниот дрес.

Барди го префрли живиот ѕид и погоди за 1:0.

https://youtu.be/ALtiUHG7nrk

- Оглас -

Најнови вести