Проблем за Алушовски, Вардар против Порто без еден од клучните играчи!

Германскиот бек Кристијан Дисингер нема да биде во составот на Вардар 1961 за вечерашниот натпревар против Порто во СЦ „Јане Сандански“ поради повреда на рамото. Препораките од лекарскиот тим на Вардарци се дека германскиот ракометар не треба да игра, а засега не се знае колку време тој ќе биде надвор од терените.

За Црвено-црните ова е хендикеп бидејќи Дисингер со пет гола од пет шута беше еден од најдобрите поединци во победата над Фленсбург во минатото коло.

Тренерот Стевче Алушовски во составот за мечот со Порто во ростерот вметна тројца голмани (Ристовски, Кизиќ и Кантегрел) и повратникот Марко Мишевски. Неиграњето на Дисингер ќе значи поголема минутажа за Талески и Јотиќ како леви бекови и шанса за Гаџа како среден бек.

- Оглас -

Најнови вести