Ангеловски: Бодовите се најважни

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски е задоволен бидејќи посакуваните три бода се додадени на контото на нашата селекција.

„Бодовите се најважни. Лихтенштајн одлично се бранеше во првото полувреме, но кога Барди погоди, ни беше полесно. Имавме многу шанси, можеби требаше и порано дададеме гол, но кога ќе се победи на еден меч и се оствари целта, мора да се честита. Адеми во последен момент отпадна од составот. Тој имаше тахикардија, цела ноќ немаше спиено и со лекарскиот тим решивме дека не треба да настапи“, рече Ангеловски на прес конференцијата, по победата во Вадуз против Лихтенштајн.

На Македонија сега и останува уште мечот против Гибралтар кој се игра на 19 ноември на арената „Филип Втори“ во Скопје. Со нови три бода, Македонија ќе оствари уште една цел, а тоа е во полуфиналето од плеј-офот да игра на свој терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести