Ако за таков дуел се свири пенал, ќе има по 40 пенали на секој меч!

Реал Мадрид со 3:1 ја победи Барселона на „Камп Ноу“, а покрај четирите погодоци, најголема дилема остави одлуката на главниот судија Мартинес Мунуер да досуди пенал за гостите при резултат 1:1. Кралскиот клуб доби пенал по дуелот на Ленгле и Рамос во шеснаесетникот на Барселона.

Ленгле го повлече Рамос за дресот, а капитенот на Реал Мадрид падна на тревата. Судијата првично покажа топка за Барселона, но по сигнализација од ВАР собата, реши да гледа повторена снимка од ситуацијата. Тогаш Мунуер досуди пенал, а Рамос погоди за 2:1.

Некогашниот шпански судија Андухар Оливер ушати многу критики до својот помлад колега, велејќи дека направил грешка кога досудил најстрога казна за гостите.

„Вакви слаби дуели не се причина за да се суди пенал. Ако ова е пенал, тогаш во текот на еден меч ќе има по 40 пенали“, вели Андухар.

И тимот на Бетис беше зачуден како Реал Мадрид доби пенал за таква ситуација, а тие за исто влечење на дуелот против Сосиедад, арбитарот воопшто не ни сакал да гледа ВАР снимка.

 

- Оглас -

Најнови вести