Исти ситуации, друг критериум: Фотографија која покажува како ВАР функционира

Барселона на „Камп Ноу“ со 3:1 загуби од Реал Мадрид во Ел Класико, а клучен момент беше пеналот кој го реализираше Серхио Рамос во средината на второто полувреме за 2:1 за гостите.

По еден центаршут, Рамос беше повлечен за дресот од Ленге, а судијата првично дозволи играта да продолжи. Сепак по сигнализација од ВАР собата, арбитарот гледаше повторена снимка и реши дека треба да има пенал за Реал Мадрид.

Непосредно по Ел Класико, на својот Твитер профил се огласи Бетис, кој објави фотографија со која потврдува дека ВАР системот не функционира исто за сите екипи. На дуелот меѓу Бетис – Реал Сосиедад, еден од играчите на тимот од Сан Себастијан го повлече фудбалерот на Бетис, но судијата не покажа дека има пенал, а арбитрите од ВАР собата не реагираа.

Се работи практично за две исти ситуации, но Реал доби пенал, а Бетис не. На крајот, Реал денеска со 3:1 славеше на „Камп Ноу“.

 

- Оглас -

Најнови вести