Борец успеа да најде победнички рецепт против Брегалница, славеше со 3:2 во дербито на 13. коло во Втората лига Исток и се зацврсти на врвот на табелата со 34 бодови, шест повеќе од Тиквеш.
Велешани поведоа со 2:0 со головите на Николовски и на Мирчевски во првото полувреме. Намали Велиновски за гостите од Штип, но Коцев во финишот со трет гол за Ботрец ги разреши сите дилеми околу победникот. Наумов во 87. минута успеа само да го ублажи поразот на гостите.
Тиквеш држи чекор со лидерот, денеска го победи Кит Го Пехчево со 1:0 и има 28 бодови, од 12 натпревари, колку што одигра и Борец.
Резултати, 13. коло: Борец – Брегалница 3:2, Тиквеш – Кит Го Пехчево 1:0, Детонит јуниор – Вардар Неготино 3:1, Партизан Обршани – Кожув 0:1, Саса – Плачковица 0:0.