Пласманот на фајнал-форот во Лигата на нации, Лига А, за Португалија значеше доверба од УЕФА, најзападната европска земја да биде домаќин на завршницата. Финалниот турнир ќе се игра од 5 до 9 јуни (полуфиналињата на 5 и 6 јуни, на 9 јуни мечеви за трето место и финале), а ждрепката за полуфиналните двојки ќе се влече на 3 декември во Даблин.
Кандидатури имало и од Италија и Полска, но услови беа и турнирот да се игра во два града со максимална оддалеченост од 150 километри и да има стадиони со капацитет поголем од 30.000 седишта, или еден град со два такви стадиони, како и репрезентацијата да обезбеди место. Бидејќи Италија и Полска веќе не се во игра, европскиот првак ќе биде домаќин на четирите најдобри во Лига А.
Покрај Португалија, во конкуренција се Франција и Холандија од групата 1, Белгија или Швајцарија од групата 2, а Шпанија, Англија и Хрватска од групата 4.