Македонските репрезентативци ќе патуваат долги 7.000 километри за трите меча во Лигата на Нации во ноември, но се ќе се заборави, ако ја победиме Грузија на 12. ноември во Тбилиси.
Тој меч и победа на Динамо арена во главниот град на Грузија носи пласман на Евроспкото првенство што ќе се игра идната година, а историски пласман на големо натпреварување ќе ги надомести сите маки и далечни дистанци што треба да се минат од 12. до 18. ноември.
Во двата правци од Скопје и Тбилиси и назад километражата е околу 4.500 километри, па потоа играме дома со Естонија во петтото коло од Ц сегментот во новото издание во Лигата на Нации.
Тој меч ќе се игра во Скопје на 15. ноември од 15 часот, за потоа три дена подоцна повторно да се лета на далечна дистанца, за Никозија, каде Ерменија ќе ни биде домаќин.
И дотаму има долг пат во два правци околу 2.500 километри, или се заедно 7.000 километри за неполна седмица.
Ерменија не може да игра на домашен терен во Ереван, поради кризата со Нагорно Карабах, па ќе не чека на „НЕО ГСП“ арената во Никозија, а дуелот на 18. неомври ќе се игра од 18 часот.