Денеска ни оди и на клупски план, МЗТ ја победи Сутјеска

Откако Работнички попладнево ја победи Подгорица, по нивните стапки тргна и МЗТ Скопје Аеродром кој вечерва на Златибор, во дуел од АБА 2 лигата доби еден друг црногорски тим, Сутјеска. Металците славеа со 92-83, и сега шо две кола имаат биланс 1-1. До крајот на турнирот во Србија, и МЗТ и Работнички ќе одиграат уште по два меча.

Феми Олуџоби со 24 поени и 7 скока, беше најистакнат поединец кај МЗТ. Гочер имаше 16 поени и 8 асистенции, Бојиќ уфрли 14 поени, додека Дамјан Стојановски заврши со 12 поени.

Деби во дресот на седумкратниот македонски првак имаше Хрватот Иван Карачиќ кој дојде како привремена замена за Бојан Крстевски и Андреј Маслинко. Неговиот придонес беше 7 поени, три скока и две освоени топки за нешто помалку од 19 минути игра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести