МЗТ победи со 24 разлика, а тренерот Кочов имаше и многу критики (Видео)

МЗТ Скопје Аеродром беше подобар од Борац Бања Лука со 99-75, што за македонскиот претставник во АБА 2 лигата ова беше трета победа по ред и со скор 3-1, го заврши настапот на првиот турнир на Златибор. Црногорскиот тим Студентски центар е единствен во лигата со скор 4-0, а Работнички е на 2-2. Во регуларната сезона ќе се играат 13 кола, по што најдобрите осум одат во плејоф.

Металците првото полувреме го добија со убедливи 57-37 и тоа беше нивна најдобра игра сезонава, со што ширум си ја отворија вратата до победата. Бојиќ со 26 поени беше прв стрелец кај МЗТ, Олуџоби даде 22, а Гравет 19 поени.

Тренерот Ѓорѓи Кочов имаше пофалби за играта на МЗТ во првиот дел и критики за играта во второто полувреме.

„Одигравме одлично прво полувреме, а второто не смее да ни се повтори. Недозволиво е на 20 поени предност да не се игра нашиот систем. Некој следен пат тоа може скапо да нè чини. Имавме добар шутерски ден, но слободните фрлања ни беа катастрофа, само 43 проценти реализација, а имавме и помалку скокови. Ќе мора да работиме да бидеме подобри, кошарка се игра 40, а не 20 минути. Имавме еден кикс на турнирот, но одиме понатаму, секој меч е посебна приказна“, изјави Ѓорѓи Кочов.

Најатрактивниот потег на мечот го имаше плејмејкерот на МЗТ, Хасани Гравет. Погледнете го неговото забивање:

https://twitter.com/i/status/1329100998628028424

- Оглас -

Најнови вести