ЛА галакси не го пушта Ибрахимовиќ

Од таборот на ЛА галакси работат на случајот да го задржат Златан Ибрахимовиќ во своите редови. Во изминатиов период се појавија неколку шпекулации дека Златан по една сезона ќе ја напушти МЛС-лигата за да се врати во Милан, што го натераа директорот на клубот Јован Кировски да реагира.

Ибрахимовиќ има уште една година од договорот кој го потпиша со клубот од ЛА, но на големо се шпекулира неговото враќање во Милан, а Кировски вели дека клубот нема да го пушти да си оди без „борба“.

„Ибра е фантастичен фудбалер, неговото присуство во САД не е добро само за нашиот клуб, туку за целата лига. Тој е најдобриот играч кој некогаш заиграл на овие простори. Вистински „убиец“, тој цело време мисли како да постигне што повеќе голови. Неговиот договор со нас и натаму е во тек, сакаме Златан да биде среќен тука, па токму затоа работиме на случајот да го задржиме што подолго тука“, истакна спортскиот директор на Галакси, кој има македонско потекло.

Триесет и седумгодишниот голгетер во својата дебитантска сезона во дресот на Галакси настапи на 27 натпревари, во кои дури 22 пати се запишал во листата на стрелци. Со неговите феноменални игри, Златан ја доби наградата за најдобар новак во лигата за регуларниот дел од сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести