Ѓоковиќ и Тим се подготвени за нов маратон, Медведев и со три порази е фаворит против Надал

Доминик Тим и Новак Ѓоковиќ се подготвени за нов маратонски дуел, денеска во Лондон најмногу во три сета, а се очекува вистински спектакл од 15 часот во првото полуфинале на завршниот тениски турнир.

Најдоброрангираниот светски тенисер има предност во меѓусебниот биланс, води со 7:4 во победи, но Тим успеа да ја сопре почетната серија од 5:0 на ривалот и ја намали негативата.

Нивнитте три последни дуели беа исклучително возбудливи и се играа во максимален број на сетови. Лани на Ролан Гарос играа над четири часа, а полуфиналето му припадна на Австриецот со 3:2 во сетови во драматичен меч.

„Во последно време нашите мечеви се исклучително возбудливи. Игравме неколку драматични маратони и очекувам уште еден таков и овде во Лондон. Ако успеам да играм на ниво како против Зверев имам добри шанси за победа“, изјави Ѓоковиќ.

Лани во меч од фазата по групи на истиот овој турнир Тим беше подобар и славеше со 2:1, а нов маратон Доминик и Новак одиграа на почетокот на годинава во финалето на Австралија опен, што го доби српскиот тенисер со 3:2 во сетови.

Во 21 часот љубителите на тенисот ќе имаат можност да гледаат нов спектакл во најава, а интересно е што Данил Медведев е фаворит за победа против Рафаел Надал, според светските обложувалници.

Иако во меѓусебните дуели Надал води со 3:0, рускиот ас прикажа фантастичен тенис во Лондон и единствен ги заврши натпреварите по групи без пораз.

Во Sport Life има широка лепеза од по 58 различни игри за двете полуфиналиња, па можете да искомбинирате тикет и да уживате во двата тениски спектакли денеска во Лондон.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести