Ѓоковиќ спаси пет меч топки, но кога се чекаше Србинот да победи, се случи чудо

Доминик Тим се пласираше во финалето на завршниот Мастерс во Лондон, откако во неверојатно драматичен меч со 2:1 во сетови го победи Новак Ѓоковиќ. Мечот кој траеше речиси три меча заврши со 7:5, 6:7 (10), 7:6 (6), а на крајот Австриецот се радуваше.

Во сите три сета се водеше жестока борба за секој поен. Во првиот сет, тенисерите беа успешни на свој сервис се до 5:5, кога Тим успеа да направи брејк за 6:5, а потоа стигна и до 7:5.

Двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис во вториот сет, па по 6:6, мораше да се игра тај-брејк. Тука започна драмата. Тим имаше 6:5 и меч топка, но не ја искористи. Потоа пропушти и меч топка и на 7:6, па и на 9:8 и 10:9, за на крајот Ѓоковиќ да го добие тај-брејкот со 12:10.

Третиот сет беше копија на вториот. Тесниерите беа сигурни на свои сервиси и мораше повторно да се игра тај-брејк. Ѓоковиќ започна одлично и стигна до 4:0. Кога се очекуваше Србинот ритунски да освои уште три поени, се случи нов пресврт. Тим освои шест поени во низа за 6:4, а потоа Ѓоковиќ спаси уште една, петта по ред меч топка.

Сепак, во поенот кој беше шеста меч топка, Тим успеа да го добие и на крајот по два час и 54 минути игра, да се радува на пласман во финалето.

Вториот финалист ќе биде подобриот од вечерашниот дуел меѓу Рафаел Надал и Данил Медведев.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести