Патрис Евра: Алиоски заслужи да добие Оскар за глумата

Езџан Алиоски дефинитивно е топ тема денеска во Англија. Македонскиот репрезентативец го одигра целиот меч во ремито без голови против Арсенал. Гостите мечот го завршија со играч помалку откако директен црвен картон доби Николас Пепе. Напаѓачот на Арсенал без топка со глава го удри Алиоски, а нашиот репрезентативец падна како покосен на тревата.

Судијата побара помош од ВАР технологијата, а по прегледување на снимката, на Пепе му даде директен црвен картон. Токму оваа ситуација ја коментираше легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Патрис Евра.

„Арсенал сакаше да победи, но нивните планови се сменија по црвениот картон. Алиоски заслужи да добие Оскар. Ве молам, видете како падна, мислиш како да му го скрши носот. Сепак, тоа беше глупава реакција на Пепе. Не треба сега да плаче зошто нема да игра на следниот меч“, рече Евра.

https://twitter.com/i/status/1330566541620940800

Фреди Љунберг, некогашниот фудбалер на Арсенал, вели дека Пепе направи глупост и треба да сноси одговорност.

„Правилата се правила и треба да се почитуваат. Никако не смееш да го направиш тоа“, рече Љунберг за инцидентот меѓу Алиоски и Пепе.

По завршување на мечот, Алиоски повторно беше цел на напад од играч на гостите. Киран Тирни се обиде физички да се пресмета со популарнито Џани, но навреме реагираше Гранит Џака. Иако е играч на Арсенал, Џака застана во одбрана на Алиоски. Тој инцидент може да го погледнете ТУКА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести