Влегувањето на Томас Милер во вчерашниот дуел против Холандија значеше јубилеј за Германецот. Фудбалерот на Баерн Минхен стана 11-тиот репрезентативец на Германија кој настапил на 100 или повеќе натпревари за „панцерите“.
Во 66-тата минута истрча на теренот на местото од Серж Гнабри, а во клубот „100“ им се придужи на легендите како Бекенбауер, Лам, Клинсман, Клозе, Подолски, Матеус…
Штета што овој успех на Милер нема да му значи многу бидејќи Германија ремизираше со „лалињата“ и претрпе елиминација од Сегментот А од Лигата на нациите.
Во дресот на „панцерите“, Милер запиша 38 погодоци и 36 асистенции, а со пет погодоци беше вториот најдобар стрелец на СП 2014, кога Германија по четврти пат стана светски шампион.
https://twitter.com/dw_sports/status/1064627050131218432