Ножичките на Емболо како увертира за нова атрактивна фудбалска вечер во Европа (видео)

Менхенгладбах направи голем исчекор кон пласман во нокаут-фазата во ЛШ по убедливите 4-0 против Шахтар Донецк. Гладбах со четирите погодоци најави уште една фудбалска вечер во Европа исполнета со погодоци, а Брил Емболо го постигна најатративниот од сите гола на домашниот тим.

Се играше судиското надополнување од првиот дел кога Гладбах ја искористи шансата од прекин да зголеми на 3-0, а по нафрлената топка Емболо ја искористи мешаницата и со ножички атрактивно ја затресе мрежата на Пјатов.

https://streamable.com/wmjt1r

Претходно погодуваа Штиндл и Елведи, додека Вент во 77-мата минута го постави конечниот резултат откако шутот од слободен удар од околу 35 метри наликуваше на центар-шут, но невниманието на гостите резултираше со нов гол во нивната мрежа.

Гладбах има 8 бода по четири меча во групата Б, Шахтар по вториот пораз остана на 4 бода, исто колку што има Реал Мадрид, додека Интер има 2 бода, а сето ова ќе се промени по вечерашното дерби меѓу Нераѕурите и Кралевите.

https://streamable.com/hmn5q2

Фил Фоден со погодокот во 36-тата минута ја донесе победата на Манчестер сити на гостувањето кај Олимпијакос со минимални 1-0.

- Оглас -

Најнови вести