Завршницата од Лигата на нациите нуди интересни мечеви кои треба да го докомплетираат плејофот и изгледот на носителите при квалификациите за Европско првенство 2020. Најинтересно е во Лига А, каде што Полска без Левандовски на гостување кај европскиот првак ќе се бори да остане во елитата. За Португалија ќе навива Германија, бидејќи пораз на Полјаците, ја остава Германија меѓу повластените при ждрепката.
Квотите на денот на SPORT LIFE се од фудбалски мечеви, а како дополнување, при прогнозирањето ви помагаме на уште два меча од Лигата на нации со мини-анализи.
Португалија – Полска (20.45 часот)
Единствениот меч од елитната Лига А се игра во Гимараеш. На хартија, повеќе мотиви треба да имаат гостите, но домашните сакаат да потврдат дека се најдобри во групата. Полјаците секако ќе испаднат во Лига Б, но ако триумфираат вечерва, ќе бидат први носители при ждрепката за квалификациите за ЕП. Меѓусебните дуели често биле со три или повеќе голови. Двата тима ќе бидат подмладени и ќе ги нема главните ѕвезди Кристијано Роналдо, односно Роберт Левандовски.
Предлог тип: 1Х & 3+ (2.50)
Србија – Литванија (20.45 часот)
Србите се фаворити, а Литванија има пет порази по ред и на последните четири меча редовно прима барем два гола. Литванија во првите пет кола не освои бод, а тешко дека ќе успее вечерва бидејќи на Србите им треба победа за потврда на првото место и преселба во ранг погоре.
Предлог тип: Т1 1+I & Т1 3+ (2.20)
Бразил – Камерун (20.30 часот)
Средбата е од пријателски карактер и се игра во Англија, на стадионот на Милтон Кејнс. По СП, Бразилците одиграа пет меча и сите ги добија, без примен гол. Камерун не е во добра форма, последните пет меча му се 0-2 гола. Сепак, против „кариоките“, црно им се пишува на Африканците.
Предлог тип: Т1 2+ пол. (2.65)
Шведска – Русија (20.45 часот)
Со одличното издание на гостувањето во Турција, Швеѓаните дојдоа во позиција да се борат и за плејоф во Лига Б. За да успеат, ќе мора да ја победат Русија, независно со колку гола разлика. Првиот меѓусебен меч заврши 0-0, последните пет пресметки секогаш беа неефикасни, но сега „викинзите“ мора да нападнат со сите сили.
Предлог тип: 2-3 гола (1.96)
Косово – Азербејџан (20.45 часот)
Важноста на натпреварот веројатно ќе придонесе за малку голови. На 7-ми септември во Баку овие две селекции одиграа без голови. Домашниот терен е предност за Косово. Нашите соседи најавуваат дека ќе одат на победа, а ако триумфираат, ќе се сретнат со Македонија во полуфиналето на плејфоот.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.95)