Вардар не само што загуби во двата меча од Кјелце во Лигата на шампионите, туку од гостувањето во Полска се врати со неколку заразени ракометари. Оваа информација е од таборот на Кјелце, каде информираат дека четворица играчи на Вардар биле позитивни на Коронавирусот, а играле на мечот пред два дена.
Од Кјелце најавија дека целиот тим ќе оди во изолација до 1 декември кога ќе се направи тестирање и доколку сите играчи на полскиот тим бидат здрави, ќе го играат мечот против Пари Сен Жермен во Лигата на шампиони.
Засега од таборот на Вардар нема официјална потврда на тоа што го тврдат од таборот на Кјелце за тоа дали и колку ракометари се заразени од опасниот вирус.
📢 Jutrzejszy mecz z @AzotyPulawy został przełożony.
Powodem są zakażenia zawodników @HCVardar, którzy w środę wystąpili w Hali Legionów.https://t.co/CSrSoSlBI9— Łomża Vive Kielce (@kielcehandball) November 27, 2020