Познато кој ќе вози на местото од Хамилтон на следната трка

Старо-новиот светски шампион Луис Хамилтон ќе ја пропушти претпоследната трка за оваа сезона во Формула 1, Големата награда на Шахир, бидејќи е позитивен на ковид-19.

Мерцедес најде привремена замена во тимот на Вилијамс, ги доби услугите на младиот Џорџ Расел, додека од Формула 1 потврдија дека местото на Расел во Вилијамс ќе го пополни резервниот тимски возач, Џек Ејткен.

Позајмицата на Расел може да трае и до последната овосезонска трка во Абу Даби на 13 декември, зависно од тоа дали Хамилтон дотогаш ќе закрепне, односно треба да има два негативни резултати на тестирањето за корона-вирус.

Хамилтон веќе ја обезбеди титулата кај возачите и моментно има 131 бод повеќе од второпласираниот во Генералниот пласман, неговиот тимски колега Валтери Ботас.

- Оглас -

Најнови вести