Хамилтон нема да вози на следната трка од Ф1

Луис Хамилтон, актуелниот светски шампион во Формула 1, е позитивен на последното тестирање на корона-вирусот и следните неколку дека ќе ги помине во изолација. Тоа значи дека Хамилтон дефинитивно нема да вози на следната трка од Ф1 шампионатот, која е закажана за 6 декември.

Следниот викенд ќе се вози на патеката во Бахреин, каде што Британецот победи пред два дена во една неверојатно возбудлива и драматична трка. Од Мерцедес засега уште немаат објавено кој возач ќе биде во болидот на местото на седумкратниот светски првак.

Хамилтон веќе ја обезбеди титулата кај возачите и моментно има 131 бод повеќе од второпласираниот во генералниот пласман, неговиот тимски колега Валтери Ботас. Освен трката во Бахреин, до крајот на шампионатот треба да се вози само уште трката во Абу Даби, која е закажана за 13 декември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)

- Оглас -

Најнови вести