Полјаците бараат од Наполи да го продаде Милик: Нов клуб или нема настап на ЕП

На Аркадјуш Милик му се заканува апстиненција од Европското првенство идната година ако во зимскиот преоден рок не најде нов клуб, откако во последно време не игра за Наполи.

Потпретседателот на Полската фудбалска федерација, Марек Козмински, бара од Наполи да го реши проблемот со напаѓачот, кој е во немилост кај Џенаро Гатузо.

Последен настап за Милик во дресот на сегашниот клуб е во август, кога одигра 12 минути за Наполи на гостувањето кај Барселона во меч од Лигата на шампионите.

Долго време потоа се шпекулираше дека одличниот шпиц ќе се пресели во Јувентус, кој не е омилен клуб кај наполитанците, па раководството на Наполи и тренерот Гатузо се налутија и Милик оттогаш не игра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести