Меси против Нејмар во осминафиналето на ЛШ!

Најголемо дерби кое беше извлечено со ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите е дуелот на Барселона и ПСЖ. Ќе биде интересно да се види дуел на Нејмар против Меси, две суперѕвезди кои во следната сезона можеби ќе играат во ист клуб. Има шпекулации дека Меси од Барса ќе прејде во ПСЖ, па затоа овој двобој ќе биде интересен за гледање.

Најмногу среќа во ждрепката имаше Јувентус кој за противник доби тим што не е од топ 5 лигите во Европа.

Осминафиналните двојки се: Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити, Лацио – Баерн Минхен, Атлетико Мадрид – Челзи, Лајпциг – Ливерпул, Порто – Јувентус, Барселона – Пари Сен Жермен, Севилја – Борусија Дортмунд, Аталанта – Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести