Финалето ќе биде неизвесно до самиот финиш: На последните шест меѓусебни меча немало победа со повеќе од два гола!

Норвешка и Франција денеска ќе играат во финалето на Европското ракометно првенство за жени. Овој епилог е речиси и очекуван, ако се знае дека тоа се репрезентациите кои имаат одлични ракометарки, а на досегашниот дел од турнирот не загубија ниту еднаш. Норвешка нареди седум победи, а Франција со шест триумфи и едно реми стигна до борба за златото.

Последен пат овие две селекции играле на големо натпреварување во 2017 година, кога во финалето на Светското првенство, Франција победи со 23:21. Норвежанките веруваат дека сега е дојдено време да се одмаздат.

„Многу, многу сум гладна за златен медал и со нетрпение го очекувам финалето. Верувам дека сме посилни од тоа што бевме во 2017 година кога го загубивме последното финале од Франција“, вели Нора Морк. Норвешка има перфектни седум победи во исто толку меча на ЕП, а дури четири пати се радуваа со двоцифрена разлика.

„Победник нема да биде тимот кој играше подобро во текот на целиот турнир, туку екипата која во финалето ќе одигра со целото свое срце“, вели селекторот на Норвешка, Јеспер Јенсен.

Норвешка има неверојатни седум златни медали од ЕП, а тука се уште три сребра и една бронза што ја прави убедливо најтрофејна селекција во историјата на спортот. Норвешка има и три злата од Мундијалите, каде има освоено и четири сребра и три бронзени медали.

Франција на ЕП е со шест победи и едно реми против Русија, со што само потврдува дека има одлична генерација. Во изминативе три години, Галските петли беа светски прваци во 2017 година, а потоа стигнаа и до златото на ЕП пред две години. Сега се надеваат дека може да го одбранат тронот, иако Норвешка е во улога на фаворит.

„Без разлика на резултатот по завршување на финалето, јас ќе бидам насмеан. Се надевам дека Франција ќе победи, но дури и да не успееме сега, тогаш ќе се поправите на Олимписките игри во Токио“, вели селекторот на Франција Оливие Крумбоиз.

Традицијата вели дека на последните шест меѓусебни средби никогаш разликата не била поголема од два разлика:

03.10.2020 Норвешка – Франција 29:28

24.03.2019 Франција – Норвешка 22:24

25.11.2018 Норвешка – Франција 23:21

29.09.2018 Франција – Норвешка 22:22

17.12.2017 Франција – Норвешка 23:21

17.06.2017 Норвешка – Франција 23:21

 

- Оглас -

Најнови вести