Фудбалерот на Базел Раул Петрета заврши во болница поради една необична повреда. На дуелот против Сент Гален, дефанзивецот на Базел беше потполно сам и со глава исфрли една топка. Веднаш по тој удар со глава, Петрета падна на теренот и се пожали на повреда.
Од силината на болката, малку фалеше фудбалерот да ја загуби и свеста. Лекарските екипи веднаш реагираа, а откако констатираа дека се работи за повреда на вратот, го изнесоа од теренот и го пренесоа во болница. Засега не се знае колку е сериозна повредата на италијанскиот интернационалец.
https://twitter.com/i/status/1340424253641011202