Ја пееше химната на Јуве, а за да не ја пее и таа на Рома, вечер нема да игра

Алехандро Папу Гомес нема да биде во составот на Аталанта на дуелот со Рома, поради „погрешно однесување“, а наскоро агентот на Аргентинецот ќе се сретне со раководството на клубот и ќе одлучат дали Папу ќе си замине од Бергамо уште во јануари.

Капката која ја прели чашата во Аталанта беше односот на Папу кај гостувањето во Торино против Јувентус. Гомес кој е и еден од капитените на Аталанта, пред мечот беше снимен како ја потпевнува химната на Јуве, а после голот на Фреулер со кој бергамаските освоија бод, тој не славеше заедно со соиграчите, туку стоеше настрана.

Тоа беше можеби последен настап на Гомес во дресот на Божицата. Интерес за него има од Милан, а во трката можеби ќе се вклучат и Интер, Рома, Наполи и ПСЖ.

Нетрпението на тренерот Гасперини кон Гомес е од претходно, двајцата имаа и јавна кавга на полувремето од мечот Аталанта – Митјиланд во ноември, а она што се случуваше во Торино беше капак.

- Оглас -

Најнови вести