Шоу во Торино: Роналдо утна пенал, ѕвезда на Аталанта ја пееше химната на Јуве (Видео)

Јувентус и Аталанта одиграа 1-1 во едно од двете денешни дербија во Серија А, а домашните треба да бидат понезадоволни бидејќи не реализираа пенал. Голманот Голини „жива“ му ја фати топката на Роналдо по шутот од белата точка. Португалецот ретко греши од оваа позиција, но вечерва беше прочитан.

Јуве имаше уште една голема утка, онаа на Мората. Јуве за првпат во последните 35 години има шест нерешени резултати по првите 12 кола.

Момент кој предизвика внимание беше и кога пред почетокот на мечот, камерите го снимија Алехандро „Папу“ Гомес од Аталанта како си ја потпевнува химната на Старата дама.

 

- Оглас -

Најнови вести