Мечот меѓу Лориен и Рен што се играше денеска мина во сенка на инцидентот што се случи само 10-тина минути по завршувањето, а сериозно е повреден еден од луѓето задолжени за одржување на теренот.
На него паднала светлечката конструкција што се наоѓа покрај теренот, а по интервенцијата на медицинските лица, човекот е пренесен во болница, а состојбата му е критична и се бори за живот.
https://twitter.com/Footballogue/status/1340747783863734272?s=20
Мечот се играше од 17 часот и заврши со победа на Рен од 3:0, но сè падна во сенка по големиот инцидент.