Брегзит му прави проблем на еквадорскиот бисер за да го оствари сонот на „Олд Трафорд“

Мојзес Каиседо ќе игра за Манчестер јунајтед по договорот меѓу Црвените ѓаволи и Индепендиенте дел Вале вреден пет милиони долари за трансфер на „Олд Трафорд“ на големиот талент на еквадорскиот фудбал, но Брегзит го комплицира неговото доаѓање во Англија веќе во јануари.

Новите правила и потешкото добивање на англиска виза по Брегзит, кој треба да се случи до крајот на годинава, се проблем за 19-годишниот фудбалски бисер за експресна преселба во Манчестер.

Сепак, трансферот е веќе договорен и Каиседо треба да потпише петгодишен договор, а Манчестер јунајтед треба да најде формула да го доведе на „Олд Трафорд“ идната година.

Каиседо е првиот тинејџер што постигна гол во јужноамерикански квалификации за настап на Светско првенство во овој век.

На 18-годишна возраст дебитираше за Еквадор против Аргенина на 9 октомври, а четири дена подоцна го постигна дебитантскиот гол за националната селекција против Уругвај.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести