Порастот на заразени од Ковид-19, но и мутацијата на вирусот во Англија, ги загрижи сите, не се остваруваат очекувањата дека вирусот ќе слабее, па во Премиерлигата може да влезе и паника. Во Манчестер сити има двајца позитивни случаи, а Вулверхемптон донесе една необична одлука. Волците им забранија на своите играчи да посетуваат ризични места, а како ризични се и продавниците.
„Од почетокот на пандемијата, луѓе од нашата кујна пакуваат производи во кутии и им ги доставуваме на фудбалерите. Кога е пик на пандемијата, играчите не смеат да влезат во контакт со други луѓе. Ние се грижиме за играчи, па ја вративме одлуката дека играчите и нивните семејства не смеат да одат во продавница“ – вели тренерот Нуно Еспирито Санто.
Играчите веќе се навикнале на ова, наместо да одат во маркети, добиваат кутии во кои ги имаат потребните работи за нивна и прехрана на семејствата.