Најдобриот шутер во НБА лигата, Стеф Кари, на тренинг погоди 105 тројки по ред, и сето тоа беше снимено и објавено на Твотер профилот на Голден Стејт вориорс.
„Ова е просто неверојатно. Претходниот рекод му беа 77 тројки по ред. Ова постигнување е за книгата на рекордите на Гинис“ – изјави тренерот на Вориорс, Стив Кер.
Кари погодуваше тројки од аголот на теренот без да утне, нешто повеќе от пет минути. На тимот не му цветаат розите, Кари е осамен, бидејќи Клеј Томпсон е потешко повреден, додека Дрејмонд Грин чека дозвола да почне да игра. Стеф барем на тренинзи покажува дека и понатаму е машина за погодување тројки.
Погледнете ја мајсторијата на Кари:
5+ minutes without a miss.
Stephen. Curry. pic.twitter.com/8DV0z5gtib
— Golden State Warriors (@warriors) December 26, 2020