Им здосади без навивачи – Романците притискаат за фудбалска публика од јануари

На Романците им здосади фудбал пред празни трибини и сериозно притискаат преку влијателни фактори за камбек на публиката на стадионите веќе од јануари.

Иако ситуацијата со ковид-19 не е поволна во земјата, сепак министерот за спорт и млади, Карол-Едуард Новак, вели дека има шанси за враќање на навивачите во ограничен број на трибините веќе по Нова година.

„Не зависи сè од мене и од големата желба и на играчите и на навивачите, но не се откажуваме. Има шанси да ја вратиме публиката на трибините веќе во јануари“, вели Новак.

Романците играат фудбал без публика од стартот на јуни, кога финишираше претходната сезона, а навивачи на трибините немаше и во изминатите 15 кола од новата сезона.

Првенството им продолжува на 10 јуни, кога се очекува да има ограничен број гледачи на мечот меѓу Виторул и Херманштад во Констанца, како премиерен во продолжението на сезоната.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести