Повеќе од 50.000 навивачи имаше на синоќешниот тренинг на Бока јуниорс пред реваншот против Ривер плате во финалето на Либертадорес купот. На стадионот „Ла Бомбонера“ ечеше како да е најголемото дерби, а навивачите сакаа да им дадат поддршка на своите фудбалери, кои треба да останат непоразени против Ривер. Првиот меч заврши 2-2.
За време на тренингот еден навивач успеа да ја прескокне оградата и се најде на теренот, меѓу играчите. Веднаш реагираше полицијата, но тогаш се појави Карлос Тевес, и тоа како спасител на навивачот. Тевес го прегрна фанот, а на крајот дури му даде и тренерка за спомен.
https://twitter.com/SkyFootball/status/1065900597059174400