Натпреварите од вторникот во Премиер лигата беа посебно среќни за четворица другари во Англија кои уплатиле неверојатно ливче, кое на крајот се покажало како добитно. Кајл Томлинсон и уште тројца негови другари решиле да вложат вкупно 20 фунти, а на крајот заработија 12.280 фунти.
На чудниот тикет имало наредено четворица фудбалери за кои верувале дека ќе заработат жолти картони на двата меча кои се играа од 21 часот: Барнли – Манчестер јунајтед и Вулверхемптон – Евертон. Додека поголемиот дел од обложувачите чекале да има или нема голови, четворицата другари играле на четворица играчи кои требало да добијат жолти картони.
Лук Шоу од Манчестер јунајтед и Ешли Вествуд од Барнли веќе беа пожолтени по еден час игра, па драмата се префрли на мечот Вулверхемптон – Евертон. Гостинскиот играч Абдулае Дукуре доби јавна опомена во 50-тата минута, па се чекаше само уште дефанзивецот на Волците, Нелсон Семедо, да пожолти. Тоа се случи во 89-тата минута, кога судијата му покажа жолт картон на португалскиот дефанзивец, па тикетот на четворицата другари испадна добитен.
I can confirm the group chat has just gone mad pic.twitter.com/c7j9C9urNE
— tiegs (@KyleTomlinson13) January 12, 2021