„Фудбал ликс“ повторно напаѓа. Германскиот таблоид, „Дер Шпигел“ објави информации од „фудбал ликс“ во врска со Серхио Рамос. Имено, капитенот на Реал Мадрид бил позитивен на допинг тест по финалето во Лигата на шампионите во 2017 година, во кое Реал го совлада Јувентус со 4-1.
Шпанецот бил позитивен на дезаметозан, супстанца која може да се користи само ако УЕФА е навремено информирана, а од медицинскиот тим на „кралевите“ не обавестиле навреме. Шефот на медицинскиот тим целосно ја презеде одговорноста за овој пропуст, па УЕФА одлучила да им прости на Реал и на Рамос, и да не покрене дисциплинска постапка.
За работите да бидат уште полоши, ваков сличен пропуст се случил и во февруари 2017 година. „Фудбал ликс“ тврди дека во таборот на Реал требало да има „случајно“ тестирање во тренинг центарот на клубот, по што настанала тензија меѓу играчите, па тестирањето било направено од страна на медицинската екипа на Реал, што е против правилата на УЕФА.