Џинот од Конго засекогаш ќе го памти денешниот ден

Репрезентацијата на ДР Конго се израдува на првата победа во својата историја на светските ракометни првенства откако во драматичен меч со 32:31 ја победи Ангола. Ова беше меч од Претседателскиот куп на мундијалот, а Конго до победата стигна благодарение на одличната игра во второто полувреме.

Ангола на стартот поведе со 2:0 и во текот на целото прво полувреме имаше предност, најголемата беше 12:6, но по првите 30 минути се замина со 15:13. Во второто полувреме, Конго постојано притискаше и на средината од вториот дел првпат поведе (24:23), и тоа беше најава за неизвесна завршница.

Ангола поведе со 31:30, но Конго со два гола во завршницата направи пресврт и стигна до првата победа во историјата на планетарните собири. Првата ѕвезда на ДР Конго, 137 килограми тешкиот пикер Готје Мвумби одигра 16 минути и постигна два гола од три обиди, а на крајот со своите соиграчи се радуваше на големиот успех.

 

- Оглас -

Најнови вести