Иван Тричковски одигра симултанка во првото полувреме против Ермис и постигна хет-трик за 45 минути игра, а АЕК Ларнака со неговите голови води со 3:1 против Ермис.
Големиот Иван како што го величаат медиумите на Кипар ја почна рафалната стрелба со погодок во 23. минута, а потоа пак беше прецизен само 360 секунди подоцна за 2:1, откако гостите поведоа во 19. минута.
Како шлаг на прекрасното прво полувреме македонскиот репрезентативец повторно ја затресе мрежата на Ермис со погодок од пенал во последната минута од првото полувреме.
Тричковски е капитен на АЕК и најдобар клупски стрелец на сите времиња. Сега има 9 гола во оваа сезона и е на петтото место на листата со најдобри стрелци, но има уште едно полувреме против Ермис за да си го подобри салдото со голови во кипарското првенство.