Пари Сен Жермен претрпе изненадувачки пораз на гостувањето кај Лориен, екипа која беше на делба на последното место пред ова коло во француската лига. ПСЖ водеше со 2-1, благодарение на двата гола на Нејмар од пенали, но во 80-та и 92-ра минута домашните постогнаа два гола за голем пресврт и освојување на три златни бода во трката за опстанок.
За Лориен ова е втора победа по ред, и му помогнаа на Лион да остане прв на табелата, со бод повеќе од ѕвездениот тим на Светците од Париз.