Давид Луиз и особено голманот Бернд Лено направија несфатливи киксови и Арсенал го загуби првиот меч во Премиер лигата во новата година, против Вулверхемптон со 2:1 на гостински терен.
Особено чуден беше потегот на Лено, кој беше исклучен во 72-рата минута, откако играше со рака надвор од шеснаесетникот. Ситуацијата воопшто не беше опасна за Арсенал, но Лено загуби рамнотежа во обидот да ја избие топката и ја допре со раката, по што доби црвен картон.
Катастрофалната реакција на голманот на Арсенал можете да ја погледнете ОВДЕ.
Претходно во самиот финиш на првото полувреме беше исклучен и Давид Луиз, поради старт во својот шеснаесетник, а беше и досуден пенал за Волците, што го реализира Рубен Невеш за израмнување на 1:1.
На стартот од второто полувреме Жоао Мутињо постигна еврогол, што беше и клучен за победата на Вулверхемптон од 2:1.
Претходно, Николас Пепе со прецизен удар му донесе предност на гостинот од Лондон во 32-рата минута, но потоа се случија двата големи киксови на Луиз и на Лено за прв пораз на Топчиите во 2021 година.
Со пресврт и со идентични 2:1 значајна победа прокнижи Шефилд јунајтед против ВБА. Гостите водеа со 1:0 по првото полувреме со голот на Филипс, но загубија по головите на Богл и на Шарп во второто полувреме.