Ливерпул и дефинитивно не може да патува за Германија, УЕФА нуди две решенија

Ливерпул и дефинитивно нема да може да патува за Германија за да го одигра првиот осминафинален натпревар против Лајпциг во Лигата на шампионите, бидејќи германските власти нема да направат исклучок.

Забраната за влез на патници од Велика Британија останува на сила до 17 февруари, додека средбата меѓу Ливерпул и Лајпциг е предвидена за ден порано, на 16 февруари.

Поради тоа, УЕФА нуди две решенија. Првото е дуелот да се одигра на неутрален терен. Првично се споменуваше стадионот на Салцбург, братскиот клуб на Лајпциг, како и неколку стадиони во Швајцарија, но сега во прв план избива да се одбере неутрален терен во Лондон.

Втората опција е да се направи исклучок во двомечот, односно прво Ливерпул да биде домаќин на „Енфилд“ на 16 февраури, а возвратниот дуел кој е закажан за 10 март да се одигра во домот на Црвените бикови.

На околу две недели до натпреварот, потребно е брзо да се најде решение.

- Оглас -

Најнови вести