Голден стејт функционираше како машина против Далас маверикс, ги растури домаќините со победа од 147:116, а блескава ноќ имаа Кели Убре и Дрејмонд Грин.
Убре постигна 40 поени и погоди 7 тројки, учинок што досега во клупската историја на Воините го имаа само Стеф Кари и Клеј Томпсон, но тимот имаше уште еден кошаркар со ѕвездена ноќ.
Ветеранот Дрејмонд Грин изненади со креацијата и забележа дури 15 асистенции, со што се приклучи во ексклузивниот клуб на уште само двајца центри кои биле стартери на меч во НБА и забележале 15 или повеќе прецизни додавања.
https://twitter.com/NBA/status/1357579458681712640?s=20
Грин сега е во друштво на Оскар Робертсон и на Никола Јокиќ, кои од претходно имаа ваков учинок.