Лајпциг со 3:0 победи на гостувањето во Гелзенкирхен против Шалке и на тој начин остана на седум бода зад лидерот Баерн Минхен. Гостите доминираа во текот на целиот меч, но отпорот на Шалке беше скршен во финишот на првото полувреме, кога погоди Мукиеле.
Овој гол на Мукиеле беше јубилеен 300-ти погодок за Лајпциг во историјата на Бундеслигата. До овие 300 погодоци, Лајпциг стигна до само 156 одиграни средби. Само пет клуба низ историјата можат да се пофалат дека ја имале надминато бројката од 300 голови по 156 дуели.
300 – @RBLeipzig_EN scored their 300th Bundesliga goal, achieving that milestone in only 156 matches. In Bundesliga history only 5 clubs outperform 300 goals after 156 BL matches. Historic. #S04RBL pic.twitter.com/LyhZRzXLNc
— OptaFranz (@OptaFranz) February 6, 2021
Во вториот дел гостите погодија уште два пати и не дозволи никакво изненадување против тимот кој е „закован“ на дното на табелата во Бундеслигата.
За разлика од Лајпциг, екипата на Борусија Дортмунд и дефинитивно може да се откаже од трката за титулата. Милионерите денеска загубија на гости кај Фрајбург со 2:1 и останаа на дури 16 бода зад лидерот Баерн Минхен.
Во останатите мечеви кои се одиграа денеска во Бундеслигата: Аугзбург – Волфсбург 0:2, Баер Леверкузен – Штутгарт 5:2, Мајнц – Унион Берлин 1:0.