Капитенот на Лајпциг, 26-годишниот Австриец Марсел Забицер, ќе биде во центарот на вниманието кај противникот затоа што Црвените од Ливерпул сакаат да го видат во своите редови во следната сезона.
Јирген Клоп ќе се обиде да го договори трансферот и да го донесе Забицер на „Енфилд“ како замена за Џорџинио Вајналдум, кој најави заминувањето, а капитенот на Лајпциг би можел да си замине за сума од околу 42 милиони евра. Забицер може да покрие повеќе позиции во средниот ред, го споредуваат со сестраниот ветеран Џејмс Милнер.
За селекцијата на Австрија има дадено осум гола на 46 меча, а во Лајпциг е од 2014 година и веројатно вечерва ќе докаже дали е подготвен за нов предизвик.